Свртете на лево или кон центар или Али пак ќе ве сомеле, и порача Апасиев на албанската опозиција

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.

„Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.

Инаку, в.д. претседателот на АА Арбен Таравари и потпретседателот на Беса Аријанит Џафери денес го критикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој изрази спремност за укинување на нормата „20 проценти“ која се однесува на албанскиот јазик, но истовремено да се разговара за укинување на бадентерот и балансерот.

Back to top button
Close