СЗО ја одобри и кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба

Овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина „Синовак“ денеска за итна употреба.

Ова е сигнал до националните регулатори дека и оваа втора кинеска вакцина е безбедна за употреба.

Исто така, овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји.

На почетокот на овој месец СЗО ја одобри „Синофарм“.

Back to top button
Close