СЗО: Бројот на жртвите од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000
– Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на жртви од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000 и дека пикот на епидемијата во овој дел од светот се очекува следниот месец, јави Би-Би-Си.
Бразил е најтешко погодена земја од заразата со речиси два милиона инфицирани и 75.000 смртни случаи, и е на второ место во светот, по САД според бројот на жртви од вирусот.
Во меѓувреме, во Перу, каде се потврдени речиси 340.000 случаи, е назначен нов министер за здравство за да се обиде да се справи со епидемијата. Голема битка со болесата, исто така, се води и во Мексико и Чиле. сд/