СЗО до лидерите на Г7: Вакцините што ги ветивте не се доволни
„На лидерите на Г7 им кажав дека предизвикот е навистина да се запре пандемијата, нашата цел мора да биде да вакцинираме најмалку 70 проценти од светската популација додека Г7 се состане повторно во Германија следната година“,
рече директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус пред новинарите кои го следат Самитот.
„За да го постигнеме тоа, потребни ни се 11 милијарди дози“,
рече Тедрос, додавајќи дека е „потребно“ земјите привремено да се откажат од заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против корона.
Домаќинот на Самитот на Г7, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека групата земји ќе ветат најмалку милијарда дози вакцини, а половина од тоа ќе дојде од САД и 100 милиони од Велика Британија во текот на следната година.
Тедрос повтори дека неговата цел е да се вакцинираат 30% од населението на секоја земја до крајот на 2021 година. За да се постигне таа цел, рече тој, потребно е да се обезбедат 100 милиони дози во јуни и уште 250 милиони до септември