СЗО: Грција има највисока стапка на зараза

Стапката на ширење на Ковид-19 е забрзана во некои земји од Европа, а според податоците темелени на извештаите од националните агенции, во последните шест месеци Грција и Кипар имаат највисоки стапки на инфекција од пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број на инфекции, соопшти Светската здравствена организација, пренесе Taсс.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони заразени и повеќе од 1,2 милиони смртни случаи.

Според анализата на моменталната состојба во Европа, агенцијата Taсс јави дека најмногу дневни инфекции се регистрираат во Велика Британија, каде има по над 40.000, потоа во Шпанија, со околу 25. 000 случаи дневно, во Франција со 16.100 случаи во последните 24 часови, додека два дена по ред имаше по 21.000 новозаразен со Ковид-19.

Грција, минатата недела соопшти за најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, 4.300 случаи, а Кипар, исто така, го достигна најголемиот дневен број на заразени лица со Ковид-19, односно 1.000 дневно.

Back to top button
Close