СЗО испраќа мисија во Кина да го утврди потеклото на коронавирусот

СЗО многу скоро ќе испрати експертска мисија во Кина, чија цел ќе биде да го утврди потеклото на коронавирусот, изјави денеска Тедрос Адханом Греберејсус на брифинг во Женева.

Според него, организацијата моментално ги одредува параметрите на мисијата, пренесоа британските медиуми.

-Целта на мисијата е да се подобри разбирањето за животинскиот домаќин на Ковид-19 и да се утврди како болеста се прошири д животните на луѓето, истакна Тедрос.

Back to top button
Close