СЗО: Новиот вид на коронавирус во осум европски земји

Новиот вид на коронавирус веќе е откриен во осум европски земји, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

– Осум земји во европскиот регион на СЗО досега ја идентификуваа новата варијанта на Ковид 19, наречена VOC-202012/01, напиша Клуге на Твитер.

Според него, новиот вид на вирусот се шири кај помладата популација, за разлика од претходните варијанти.

Клуге повика на внимателност додека се спроведуваат истражувања за неговите ефекти, како и на јакнење на постојните заштитни мерки како што се физичкото растојание и носењето заштитни маски.

Новиот вид на коронавирусот првпат беше регистриран во Велика Британија на 14 декември.

Back to top button
Close