СЗО: Околу 115.000 здравствени работници починаа од Ковид за година и два месеци

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека од февруари минатата година до мај годинава од ковир веројатно починале околу 115.000 здравствени работници.

СЗО додава дека од исклучителна важност е тие да имаат приоритет во вакцинацијата.

-Темел на секој здравствен систем се вработените. Ковид-19 ни покажа како се потпираме на нив и колку сме ранливи кога не се заштитени оние кои го штитат нашето здравје, изјави првиот човек на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

 

Back to top button
Close