СЗО: Последиците од ковид-19 ќе се чувствуваат со децении

Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека времетраењето на пандемијата на ковид-19 веројатно ќе биде долго.

Ваквиот став доаѓа после шест месеци откако СЗО го прогласи коронавирусот како закана за јавното здравје која предизвикува меѓународна загриженост.

Во соопштението на СЗО се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и најави нова проценка на состојбата за три месеци.

„Пандемија го зафаќа човештвото еднаш во 100 години, а нејзините ефекти ќе бидат почувствувани во децениите што следуваат“,вели тој.

Според последните податоци, бројот на заболени со коронавирусот во светот достигна 18 020 684 милиони луѓе.

Back to top button
Close