СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи
Мајкл Блумберг, милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, кој долго време се занимаваше со борба против пушењето, ги осуди тактиките на тутунските компании.
– Со оглед на забележаниот пад на продажбата на цигари, тутунските компании агресивно промовираат нови производи како што се електронски цигари или слични производи од тутун и лобираат кај владите, барајќи од нив да ги ограничат постојните регулативи. Нивната цел е едноставна: да придобијат нова генерација зависници од никотин, а ние тоа не можеме да им го дозволиме, рече Блумберг.
Затоа, шефот на СЗО смета дека во земјите каде овие производи не се забранети, „владите треба да донесат соодветни мерки за да го заштитат своето население од опасностите што ги носат електронските инхалатори за никотин и да се спречи нивната употреба кај деца, адолесценти и други здравствено осетливи групи.
Според извештајот на СЗО, употребата на електронски цигари е забранета во 32 земји, а 79 имаат усвоено барем една мерка што ја ограничува нивната употреба, на пример – забрана за рекламирање.
Во исто време, СЗО посочува дека дури 84 земји во светот немаат регулативи што би спречиле продажба на овие производи.
Во извештајот на СЗО се наведува дека пушењето убива осум милиони пушачи годишно, вклучително и еден милион пасивни пушачи.