СЗО предупредува: Трет бран на корона вирусот во Европа на почетокот на 2021 година!

Давид Набиро, специјалниот советник за Ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите пропуштат да направат се што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран.

– Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг, предупреди Набаро.

Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат запрени.

– Кога стапката на инфекција ќе се намали, а ќе се намали, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови, се прашува Набаро.

Тој ги пофали азиските земји каде стапката на инфекција е исклучително ниска бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки таму не беа олеснети предвреме.

Back to top button
Close