Тајани: Коридорот 8 е стратешки приоритет и дел од италијанската стратегија за приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, на министерскиот состанок, што се одржува денеска во Тирана, порача дека Коридорот 8 е стратешки приоритет, дека не е само инфраструктурен проект, туку политички избор и дел од италијанската стратегија за приближување на Западен Балкан кон ЕУ.

– Се согласувам со вас дека за Италијанците, Коридорот 8 не е само технички избор, туку е политички избор бидејќи е дел од нашата стратегија за обединување на Балканот, кој е стратешки приоритет за италијанската влада. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ви помогнеме да станете дел од ЕУ и јас сум јасен во врска со Западен Балкан. На 30 март ќе имаме група пријатели на Балканот за да ја потврдиме поддршката за обединување на регионот – рече Тајани на состанокот, објавија албанските медиуми.

 

Додаде дека заедничката декларација што ќе биде усвоена ќе пренесе силна порака дека „Коридорот 8 е заеднички стратешки приоритет за нашите економии“.

– Посветени сме на преземање конкретни чекори за да го реализираме. Тој е клучен за трговијата. За Италија, трговијата е повеќе или помалку 40 отсто од нашиот БДП. Нашата цел е да го зголемиме извозот, за тоа ќе работиме напорно. Потенцијалот за економска активност помеѓу Јадранското Море и Балканот е извонреден. Денеска, повеќе од кога било, завршувањето на Коридорот 8 е клучна безбедносна цел, тоа е инструмент за зајакнување на европскиот столб на НАТО. Ако сакаме да бидеме поважни, ако сакаме да разговараме со Американците на исто ниво, треба да го зајакнеме европскиот столб на НАТО – рече тој.

Тој ја пренесе поддршка на неговата земја за европската интеграција на Албанија додавајќи дека Албанија е европска земја и дека Италија ќе направи сè што е во нејзина моќ да ѝ помогне на патот кон членство во Европската Унија.

Back to top button
Close