Тајани: Предлогот на Италија јужниот фронт на НАТО да биде приоритет наиде на поддршка

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел побарал приоритет да биде „јужниот фронт“ на Алијансата и оти предлогот бил прифатен.

Тајани истакна дека италијанскиот предлог бил пречекан со голем ентузијазам и оти документот подготвен од група експерти на НАТО е позитивно прифатен, пренесе АНСА.

– Опширно разговаравме за можноста за именување специјален пратеник за јужниот фронт и побарав јужниот фронт да стане приоритет на НАТО, изјави Тајани

Back to top button
Close