Тајландската Влада даде зелено светло за трка во Ф1
Тајландската Влада денеска официјално одобри организација на трка за Големата награда на Формула 1 во Бангкок, почнувајќи од 2028 година.
Тајландската понуда, со вкупен буџет проценет на една милијарда евра, би му овозможила на главниот град Банкок да биде домаќин на трки од 2028 до 2032 година, доколку биде прифатена од раководството на Формула 1.
Потенцијалниот распоред на уличната патека во Бангкок сè уште не е дефиниран, но владиниот портпарол Џирају Хунгсуб посочи дека би можел да вклучува област во близина на пазарот Чатучак, северно од градот, популарна дестинација за странски туристи во деновите на викенд.
Тајланд, чиј проценки се дека трката во Ф1 би можело да му донесе на кралството до 520 милиони евра приходи, веќе неколку месеци се обидува да го убеди промоторот на Формула 1.
Во моментов, единствена трка од Формула 1 на азискиот континент се вози во Сингапур. Малезија беше отстранета од распоредот во 2017 година, а во 2020 година, првото издание на Големата награда на Виетнам беше откажано поради пандемијата на Ковид 19.