Тајмс“: Британската војска плаќа приватна американска фирма да доставува разузнавачки информации до Израел

Британската војска ги предаде извидувачките летови над Појасот Газа на приватна американска компанија за да продолжи да ги прима разузнавачките информации што таа ги доставува до Израел, бидејќи нема на располагање авиони на Кралските воздухопловни сили, објави британскиот весник „Тајмс“.

Британската влада призна во последните месеци дека спроведува воздушен надзор и собирање разузнавачки информации во Газа „со единствена цел да помогне во спасувањето на израелските заложници“ земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година.

„Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори во британското Министерство за одбрана, пишува дека извидувачкиот авион „Shadow R1“ на британското воздухопловство повеќе не е достапен и војската сега ги ангажира услугите на приватната американска компанија „Straight Flight Nevada“ за разузнавачки мисии.

Британското Министерство за одбрана потврди дека има летови за надзор над палестинската територија, но со единствена цел да се лоцираат заложниците што ги држи Хамас, и без да прецизира како се спроведуваат.

Од 251 лице киднапирано од Хамас и неговите сојузници на 7 октомври 2023 година, 49 се уште се во Газа, од кои 27 се прогласени за мртви од израелската војска.

Според „Тајмс“, користењето на приватна американска компанија предизвикува негодување во Армијата.

Хелен Мекгваер (Мекгваер), задолжена за одбранбени прашања за центристичката Либерално-демократска партија, напиша на платформата X дека ова предизвикува загриженост за разузнавачките способности на британската војска.

Back to top button
Close