„Тајмс“: Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд

Велика Британија официјално ќе признае палестинска држава во текот на викендот, по завршувањето на посетата на земјата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се спротивставува на таквата одлука, објави британскиот весник „Тајмс“.

 EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе мерки доколку Израел не преземе мерки за ублажување на страдањата на населението во Појасот Газа и не постигне договор за прекин на огнот по речиси двегодишната војна со Хамас.

Во јули, американскиот претседател, кој моментално е во втора државна посета на Велика Британија, изјави дека нема ништо против Лондон да преземе таков потег, но подоцна САД јасно ставија до знаење дека се спротивставуваат на таквите акции на своите европски сојузници.

Стармер, кој е под притисок од Лабуристичката партија да заземе построг став кон Израел, рече дека Велика Британија ќе ја признае палестинската држава пред Генералното собрание на ОН следната недела, освен ако Израел не преземе значајни чекори за ублажување на ситуацијата во Појасот Газа.

Back to top button
Close