Табла јајца и над 330 денари, забележливо поскапување и на други производи – Граѓаните во шок

Граѓаните буквално се шокирани од новите цени кои деновиве беа корегирани
во повекето маркети.
Цена на табла јајца надминува и 330 денари, покрај ова забележано е
поскапување и на одредени месни производи.
Целиот овој шок доаѓа во атмосфера на почетокот на зимските слави,
имендени, но и на на месец ипол пред големите празници како Нова Година,
Божик, Водици кога и граѓаните повеке се опуштаат во трошењето.
Во повеке градови, купувачите велат дека веке прават калкулации – што
навистина им треба, а што ке мора да го изостават, иако е дел од семејната
традиција.
Некои дури го намалуваат бројот на гости, а други одлучуваат да готват
поедноставни и поекономични јадења.
„Секоја година се радувавме на славите и новогодишните денови. Оваа година,
наместо рецепти, пресметуваме што можеме да си дозволиме,” вели скопјанка
која ја сретнавме во маркет.“
Поскапувањето на основните прехранбени производи доаґа во момент кога
празниците треба да донесат радост, а не финансиски грижи. Но, со внимателно
планирање, солидарност и рационално купување, многумина сепак успеваат да
ги задржат традицијата и топлината на празничната трпеза.
Празниците се можеби поскапи – но вредноста на семејството, домот и топлиот
збор останува најскап дар што не може да го поскапи ниту еден маркет.
Инфлацијата според последните статистики беше измерена на 4.5 проценти.
Извор: centar.mk






