Тачи: Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека премиерот Зоран Заев се уште има голема поддршка од меѓународниот фактор и инвестициите на меѓународниот фактор во Македонија.

-Последниве пет години инвестираа многу во земјата и нема да дозволат така лесно да падне оваа Влада. Ќе видите од понеделник, Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива станува дел од ДУИ, додека пак Алијанса за Албанците ќе биде дел од ДПА, вели Тачи.

 

Back to top button
Close