Тачи: Не е време за уцени, а предлогот да се избрише 20 проценти е наш предлог од порано

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред лидерската средба во Собранието изјави дека со добар дијалог треба да се постигне договор за уставните измени и дека нема друг пат да се деблокира интеграцискиот процес.

За тоа дали и тие имаат услови како другите партии на Албанците, Тачи рече дека тргањето на 20 проценти од Уставот е нивен предлог, но оти исто така сега не е време за уцени.

-Јас секогаш викам дека сум полош од сите, не ме ставајте во такви формулации. Јас не знам кои се тие останати политички партии на Албанците. Ако мислите дека тоа е БЕСА, за мене тие се се уште дел од коалицијата со СДСМ. Да, тоа е нашиот предлог. Многу е лошо кога книгата вие ја пишувате ќе ја предава некој друг на универзитет. Тоа е крадење платформа, крадење на една идеја. Мислам дека е време да се разговара веќе јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава, рече Тачи, додавајќи дека сепак сега не е време за услови и за уцени.

Back to top button
Close