Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија.

-За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на Академијата на науките, а ниту Арбен Џафери имал документ, затоа што таков не постои. На Али Ахмети тогаш УДБА му кажа: ова е патот по кој можеш да го урнеш политичкото организирање на Албанците. И тој зборува неврзано, дека наводно постоел документ – изјави Тачи.

Тој најави и можни правни чекори против Ахмети доколку ваквите изјави продолжат.

-Го предупредувам уште еднаш: ако продолжи да зборува вака, ќе поднесам тужба, во име на Арбен Џафери, бидејќи вакво обвинување е недозволиво – рече Тачи.

Back to top button
Close