Тачи откри зошто му се придружил на Ахмети во „Европскиот фронт“
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа истакнал дека во последните две години разговарале со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за можноста за предизборна коалиција. Тој во емисија на косовскиот медиум „Газета експрес“ ги открил причините зошто се сега во заеднички „Европски фронт“.
-ДУИ, врз основа на сите анкети, победува. Вториот аспект е дека тие што денес ми се претставуваат како опозиција продолжуваат да бидат лажна опозиција затоа што повеќето беа дел од оваа актуелна влада или дел од овие партии кои се во сегашната коалиција на „Европскиот фронт“. Главната причина за разговор со господинот Ахмети е опасноста од победата на македонската опозиција, да не ги доведе Албанците до можност за распаѓање и тие да ја имаат можност да формираат владино мнозинство со одредени политички групи. Има многу причини, истакнал Тачи.
Според него, соработката меѓу ДПА и ДУИ не е актуелна, туку има своја историја.
-Оваа приказна започнува со договорот од Призрен. Втората соработка е Охридскиот договор. Третиот договор беше кога соработувавме по линија на САД и ЕУ за да ја смениме претходната влада, навел Тачи.
По предвремените парламентарни избори во 2008 година, сега најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, го прекина традиционалното партнерство со ДПА и формира коалиција со најголемата албанска партија во парламентот, ДУИ, која траеше се до 2017 година