Такси со патник во Скопје излета од патот: на возачот му се слошило, удриле во дрво

СКОПЈЕТакси со патник во Скопје излета од патот: на возачот му се слошило, удриле во дрвоAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 01/06/2024ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА
На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Извор:Скопје1.мк

Back to top button
Close