Талат Џафери: И моите деца имаат право да конкурираат и да бидат примени на работа

И моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, и моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа, реагира собранискиот спикер, Талат Џафери по рекациите во јавноста откако неговиот син го положи завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители и наскоро може да стане обвинител.

Антикорупциската комисија отвори постапка за Барлет Џафери и утврди дека положил правосуден испит пред да заврши факултет. Сепак во недостаток на докази предметот е затворен и на тоа се повикува и Џафери.

-Јас сум свесен како претседател на Собранието и како носител на јавна функција сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на јавна функција. Антикорупциската комисија имаше постапка и таа е запрена, односно не можеше да се утврди злоуотреба од страна на син ми. Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ни мене ни, мојот син. Во секој случај како сите граѓани во државата, така и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, изјави Џафери.

Освен синот на Џафери на ранг листата за идни судии и обвинители се најдоа и други деца на судијки и обвинители, снаи, сопруги и блиски на актуелни политичари, судии и обвинители.

Back to top button
Close