Талат Џафери се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на конститутивната седница?

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, сепак, се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на седницата, како што најави во текот на денот, дознава „360 степени“.

Не станува збор за формално откажување на продолжението, зашто Џафери претходно само го најавил утрешното заседание до собраниските служби и побарал од нив да го подготват. Надлежните службеници во парламентот вечерва не можеле да го потврдат ова официјално.

Кој и како го премислил Џафери, засега нема информација.

Back to top button
Close