Талибанците подготвени да соработуваат со Фараж за прашањето за мигрантите

 

Висок талибански функционер изјави дека групата е „подготвена и сака“ да соработува со лидерот на британската десничарска Реформска партија Најџел Фараж, за да ги прифатат Авганистанците депортирани од Велика Британија.

– Талибанците ќе ги прифатат сите Авганистанци испратени назад според планот на лидерот на Реформската партија за депортација на 600.000 илегални мигранти, наведува тој, пренесува британски Телеграф.

Фараж вчера најави дека ако дојде на власт ќе ја постигне својата цел за депортација со склучување договори со земји како Авганистан, Иран и Еритреја, со предвиден финансиски поттик од две милијарди фунти за странските влади да прифатат враќање на мигрантите.

Back to top button
Close