Талибанците повикаа на мирно решавање на конфликтот во Украина

Авганистанската влада предводена од Талибанците денеска испрати соопштение во кое побара мирно решавање на конфликтот во Украина, како и двете страни да се воздржат од насилство.

-Исламскиот Емират на Авганистан од близу ја следи ситуацијата во Украина и изразува загриженост за можни цивилни жртви. Емиратот повикува на воздржаност од двете страни. Сите страни да се воздржат од акции кои може да го интензивираат насилството.
Исламскиот Емират на Авганистан во линија со својата надворешна политика на неутралност, ги повикува двете страни конфликтот да го решат мирно и со дијалог, се вели во реакцијата.

Исламскиот Емират исто така, повика учесниците во конфликтот да ги заштитат животите на Авганистанците кои учат и работат во Украина.

Back to top button
Close