Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

Талибанците, преку Твитер, најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан, а претседателот на таа земја рече дека владата ќе возврати со иста мерка. Прекинот на огнот се случува за време на големиот муслимански празник Фитр Бајрам, јави Би Би Си.

Овој потег се случи откако се интензивираа борбите меѓу двете страни и покрај пандемијата на коронавирус.

„Не спроведувајте никакви офанзивни операции против непријателот никаде; ако непријателот преземе какви било активности против вас, бранете се“, напиша на Твитер портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид. Тој додаде дека прогласеното примирје е само поради Бајрам, со кој се означува крај на светиот месец Рамазан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја поздрави најавата за прекин на огнот од страна на Талибанците и ја повтори неговата понуда за мир.

Back to top button
Close