Талибанците заплениле милиони долари од поранешни функционери и ги вратиле во државната каса

Повеќе од 12 милиони долари во пари и злато се запленети во нападите на талибанците врз поранешните членови на авганистанската влада, бидејќи земјата се соочува со сериозен недостиг на пари во готовина, пренесува Дојче веле.

Авганистанската централна банка во вторникот соопшти дека талибанците заплениле повеќе од 12 милиони долари (10 милиони евра) во готово и злато од поранешни владини претставници и ѝ ги предале на банката, објави Фена.

Во соопштението од банката се наведува дека се извршени рации и во резиденцијата на поранешниот потпретседател Амрула Салех, како и во домовите на неколку високи државни функционери.

По преземањето на власта во Авганистан, талибанците ја презедоа контролата и врз централната банка.

Пораката на Твитер објавена од авганистанската централна банка вклучува и фотографии на кои се гледа како мажите бројат огромна сума пари.

Back to top button
Close