„Талир“: Силјан Мицевски му дал 10 000 евра на Груевски и платил 70 000 за МЗТ

Бизнисменот Силјан Мицевски од Битола денеска сведочеше во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пари, и на прашања од обвинителката Ленче Ристоска опиша како бил рекетиран од првите луѓе на тогашната владејачка партија откако ќе добиел тендер,

На прашање дали некогаш донирал во ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори:

„Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата“, јавува СДК.мк.

По него, во судница сведочеше поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. Бизнисменот Мицевски, претходно го споменал Чинговски дека тој му давал фактури за плаќање и за донациите за потребите на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Чинговски во сведочењето кажал дека поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски од него побарал да фаворизира одредени компании при исплатата на долговите, но тој не се согласил.

Во сведочењето, ексдиректорот на ЕЛЕМ исто така зборувал и за шема како периодично имал задача да му предава на Божиновски лично на рака добро запакувани пратки со селотејп, за чија содржина не знаел. Му било кажано дека предава документација од компаниите наменета за Божиновски.

„Каде се одржуваа средбите за да му ја предавате спакуваната документација на генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски?“, прашала Ристоска.

„Дел во Владата, помалку во партијата“, одговорил тој.

Back to top button
Close