Тамара Тодевска сподели информација за состојбата на Панчо

Пејачката Тамара Тодевска одговарајќи на прашања од фановите откри каква е здравствената состојба на Панчо од ДНК.

Откако беше прашана за нејзиниот колега и близок пријател кој е на болничко лекување по трагедијата во Кочани, а таа рече: „Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”.

Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.

Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата

Back to top button
Close