Тамара Тодевска: Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак
Тамара Тодевска по седум години брак со македонскиот кошаркар Александар Димитровски реши да стави точка на романсата. За српски Информер раскажа дека одлуката не ја донела преку ноќ, но дека е среќна што конечно може повторно да здивне.

Нејзината најнова песна „Нијагара“ е создадена во моментот на нејзината најголема тага, но и пресвртот што и се случи во животот.
Откри и дека се уште е формално во брак, но повеќе не живее со кошаркарот.
– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Одлично е што направивме еден за друг – истакна пејачкатa.






