Таравари: Ахмети полека се навикнува во опозиција, му треба само адаптација

Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска одговарајќи на новинарско прашање,го искоментира повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалиција Влен да излезат од Владата и да се придружат на опозицијата.

Тој истакна дека Ахмети полека се навикнува во опозиција и според него потребна е само адаптација.

-Мислам дека полека се навикнува во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро, кратко посочи Таравари

Back to top button
Close