Таравари: Ако добиеме понуда за влез во Влада, ќе ја разгледаме

Доколку добиеме понуда за да влеземе во владината коалиција ќе ја разгледаме, рече в.д претседателот на Алијанса за Албанците, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на АА во извршната власт.-Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда – рече Таравари.

Во однос на последните случувања во ДУИ, тој оцени дека е започнат распадот на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close