Таравари: Алијанса за Албанците нема да гласа за измени ако останат „20 проценти” во Уставот


Осумте пратеници на Алијанса за Албанците ќе ги поддржат уставните измени, под услов терминот „20 проценти”, кој се однесува на бројот на албанци во Северна Македонија, да биде избришан од Уставот.

Ставот на опозициската политичка партија го обелодени нејзиниот потпретседател Арбен Таравари на прес конференција во Гостивар, одговорајќи на новинарско прашање во врска со актуелностите околу уставните измени и предлогот за референдум на ВМРО ДПМНЕ.

Таравари смета дека сегашното владеачко мнозинство ги нема 80-те гласа во Парламентот за да спроведе уставни измени, а неговата партија поставува услов.

– Актуелната политичка ситуација е проблематична и колку што гледам тешко дека ќе се обезбедат 80 гласа. Како партија имаме барање, односно исполнување на еден предуслов. Нашите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се повлече „20 отсто” во уставот во делот на остварувањата на паравата на една заедница, изјави Таравари.

За референдумот и предлогот на ВМРО ДПМНЕ, тој смета дека тоа е повеќе работа на македонските партии и албанците не се многу загрижени за тоа. Албанците повеќе ги интересира почеток на преговорите на РСМ со ЕУ. Тој е дециден и нагласува дека преговорите ќе започнат откако ќе биде сменет уставот на земјава.

На прашањето дали прво ќе има предвремени избори или тие ќе се случат пред уставните измени, Таравари одговори дека изборите се сè поизвесни, бидејќи за нив нема поддршка од 80 гласа во парламентот.

– ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го повтори ставот дека нема да поддржи уставни измени, додека вчера Владата ја дефинираше преговарачката рамка од која премиерот Ковачевски очекува земјата по осум години земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тоа се дијаметрално спротивни ставови. За да нема предвремени избори, ќе мора сите политички субјекти да се ангажираат и да ја дадат својата поддршка за уставните измени, рече Таравари.

Околу испразнетата лидерска позиција во партијата, Таравари посочи дека за две недели ќе се состане централното претседателство и ќе одлучи кој ќе биде „вд” претседател. Тој е еден од најспоменуваните за можен наследник на Зијадин Сеља, но како што подвлече, идниот претседател на АА ќе биде избран на конгре

Back to top button
Close