Таравари: Бејта си раскажува прикаски, а самиот е приказна

Претседателот на Алијанса за Албанците и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари, реагираше на изјавата на некогашниот градоначалник на Гостивар и актуелен член на „огнената група“ во ДУИ, Невзат Бејта, кој рече Таравари победил на изборите во Гостивар со помош на Талат Џафери.

Господинот Бејта е легенда! Тој си е приказна сам по себе. Не би го коментирал тоа, зашто јас и никогаш не сум коалицирал со никого. Но Бејта си има предрасуди, тој прави заговори и тој самиот се однесува така како што критикува други“, рече Таравари во интервју за „Алсат“.

Тој на Бејта му порача дека „никогаш не седнал да преговара со Артан Груби и Талат Џафери“.

„Сепак, знам дека имаше истакнати членови на ДУИ, кои токму поради Бејта, гласаа за мене“, рече Таравари.

 

Back to top button
Close