Таравари би ја примил исклучиво вакцината на Фајзер

Градоначалникот на Гостивар вели дека тој и неговото семејство би ја примиле исклучиво вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.

-Штом пристигне вакцината веднаш ќе се вакцинирам со целото свое семејство. Не лично, туку како лекар кој препочита медицина базирана на докази, единствената вакцина која што е релевантна и која што дава некаква сигурност е вакцината на Фајзер и јас исклучиво со таа вакцина би се вакцинирал, вели Таравари.

Инаку, тој до скоро беше заразен со вирусот Ковид-19. Открива дека заразата ја поминал со тешки симптоми.

-Јас веќе го поминав Ковид-19. Бев инфициран и тоа со сериозни симптоми. Фала Богу, сега сум многу подобар, вели Таравари.

Back to top button
Close