Таравари ќе одлучува дали ќе ја разреши директорката на Детската клиника Козле
Отказот на докторката Веселника Митровска Јосифова од Клиниката за детски болести Козле ја зовре атмосферата помеѓу вработените во болницата.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека било јавна тајна дека за директорката на Козле Каролина Симоновска има индикација дека не работи како што треба, ама одлука дали ќе ја разреши допрва ќе донесе.
-Ќе видиме – рече тој, одговарајќи на прашањето дали ќе ја смени актуелната директорка Симоновска.
Инаку, во ходникот на Министерството му се обрати сопругот на отпуштената специјалистка.
-Формирале комисија пред која мојата сопруга би морала да даде изјава што не се има случено. На 23 јануари кога е датумот на отказот таа беше на работа на бронхоскопија и истиот ден добива отказ. Како? – го праша тој Таравари.
Министерот, пак, одговори дека синоќа го добил писмото за отказот ама ќе видел и ќе разгледал каква е ситуацијата, а за докторката го увери дека нема да биде отпуштена.