Таравари ќе се кандидира за председател на АА. Ќе ги подржат уставните промени
В.Д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска поднесе кандидатура за претседател на партијата во канцеларии на партијата во Тетово.
Тој изјави дека во моментов нема преговори на неговата партија да стане дел од Владата.
Нема преговори, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на Бугарите, бугарскиот етникум во Македонија во преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција. Тоа сме го кажале од првиот ден, продолжуваме да го кажуваме истото. Кога ќе има преговори ќе ве известиме и ќе бидеме максимално транспарентни.
Горе-доле политиките на Алијанса за Албанците ќе продолжат исто. Тоа сум го кажал неколку пати, ние сме во комплетна реорганизација на партијата. Одиме на терен постојано. Ќе бидеме конструктивна опозиција како што бевме и досега и ќе видиме како ќе ги продолжиме работите, меѓутоа во нашата програма која е последна од 2020 изборна програма, тие се политиките на АА. Не се очекува нешто во политики на АА да се смени, изјави Таравари.