Таравари: Гаши е еден од најхуманите луѓе што ги знам

Не се знае што понатаму ќе се случува, а за Алтернатива можам да кажам дека самата партија треба да донесе одлука како мислат дека е најдобро за нив, но мислам дека бродот на Заев полека тоне. Ова го изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за телевизија Шења.

Според него, ако влезе Алтернатива повторно во таа Влада во која е и ДУИ, можно е брзо да се „истроши“’.

За својот коалициски партнер Алтернатива Таравари нема лоши зборови, особено има убави зборови за нивниот лидер Африм Гаши.

Африм е еден од најхуманите луѓе што ги имам сретнато во животот. Можеби имавме грешки во коалициската соработка кон нив, можеби имаа грешки и тие, не постигнавме добри резултати како албанска опозициска коалиција на изборите иако имавме многу добри кандидати, Беким Сали во Чаир веројатно беше најдобриот кандидат од сите што имале свои кандидати на локалните избори. Но не успеавме. Се разбира, секоја партија понатаму има право на сопствени одлуки, изјави Таравари.

Back to top button
Close