Таравари ги повикува Влен да го прекинат потчинувањето и молкот по изјавата на премиерот дека нема Уставни промени без исполнување на Владините услови
Лидерот на опозициската Алијанса на Албанците Арбен Тараваи реагираше на фејсбук по денешната изјава на премиерот Христијан Мицковски дека нема уставни промени за старт на преговорите со еу сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета.
Таравари по ваквата изјава на Мицковски преку фб им се обрати на албанските партии од владината коалиција Влен и им порача дека по овој став на премиерот патиштата кон Брисел наместо да се отворат уште повеќе се бетонираат и дека времето кое било алиби на Вреди за седење во владата истекло.
Граѓаните Албанци ја плаќаат политичката импотенција на ВЛЕН која ветувала промени но во владата се однесува потчинето и молчаливо.
Времето на алиби заврши,, времето за акција е сега и порача Таравари на Влен






