Таравари го „поздрави“ Села со фотографија со Курти, Алими и синот на Арбен Џафери

На стартот на кампањата за претседателски избори, за ветар во грб претседателскиот кандидат на коалицијата Вреди, Арбен Таравари синоќа се сретнал со косовскиот премиер и лидер на Самоопределување Албин Курти.

 

Во објавата на Фејсбук, Таравари потенцира дека на средбата со косовскиот премиер друштво му прават синот на починатиот претседател на ДПА Арбен Џафери, Илир, но и Фета Алими, кој му го спаси животот на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на „крвавиот четврток“ во 2017 година.

Со објавата Таравари симболично му испраќа порака на Села со кого е членството и поддржувачите не само на Алијанса, туку и на ДПА, откако тетовскиот суд пресече дека лидер на Алијанса е Села.

Back to top button
Close