Таравари и Ахмети со договор за локалните избори!
Партиски извори на порталот PressOnline.al потврдуваат дека Арбен Таравари веќе остварил средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и постигнал договор за соработка за претстојните локални избори.
Според висок политички функционер, е постигната согласност за заемна поддршка помеѓу Алијансата за Албанците и ДУИ во неколку општини со мнозинско албанско население. Договорот предвидува во општините каде што Алијансата за Албанците ќе настапи со кандидати за градоначалници – како што се Сарај, Гостивар и Врапчиште – ДУИ и Европскиот фронт да не кандидираат свои кандидати.
Таравари ја обезбедил поддршката од Ахмети за овие општини, дознава PressOnline.al. Во меѓувреме, се очекува Таравари да одржи средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, како и со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел да се разгледаат можностите за други предизборни соработки.
Од друга страна, актуелните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ – веќе одлучиле да си дадат поддршка еден на друг во дел од општините уште во првиот изборен круг, со што практично се исклучува можноста за коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците. Извори од ДУИ потврдуваат дека средби со Таравари навистина имало, но не откриваат детали за содржината на договорот. Засега не е јасно дали Таравари ќе настапи и во Боговиње или Теарце, односно во Дебар или Струга, додека, според информациите на PressOnline, не се очекува да има кандидати во Липково и Студеничани.