Таравари најавува фискална консолидација на Македонците и Албанците во Македонија

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе излезе со предлог за нов договор меѓу Македонците и Албанците во земјата, кој го опиша како фискална конфедерација или федерација.

„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двете етнички групи што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна цел ќе биде децентрализација, фискална конфедерација или федерација, а не територијална. Ова ќе значи функционирање на општини со повеќе овластувања и повеќе пари“, рече Таравари во интервју за подкастот Раштази на приштинска Коха.

Таравари не објасни од што би се состоела конфедерацијата или федерацијата.

 

Back to top button
Close