Таравари: На партиските собири не се почитуваат протоколите за заштита

 Гостиварскиот градоначалник и генерален секрeтар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари предупредува од влошување на состојбата со пандемијата во земјава по изборите, а како причина за тоа го наведе непридржувањето на протоколите за заштита од ширење на вирусот за време на предизборната кампања.

– Мој впечаток, е и за жал можам да констатирам дека речиси никој не се придржува кон протоколите. Јас лично и во партијата каде што членувам ги почитуваме и го одржуваме пропишанотo растојание меѓу столчињата, меѓутоа повотрно има групирање на луѓе, а тоа е многу загрижувачко. Оваа појава не е присутна само во Гостивар, туку и секаде низ државата. Однесувањето за време на кампањата ќе ги даде резултатите за еден месец, оцени Таравари.

Запрашан за попрецизен коментар на какви резултати мисли, тој посочи дека тоа се однесува на енормно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и коментираше дека по изборите освен нови пратеници ќе имаме и многу повеќе новозаболени

Back to top button
Close