Таравари: Не сакавме да бидеме само декор во Владата
Коалицијата ВЛЕН на власт е веќе 11 месеци, практично од изборите на 8 мај 2024 година, кога успеа да постигне многу добар резултат, освојувајќи 14 пратеници и станувајќи дел од Владата. Нормално, имавме преговори со премиерот за неколку клучни, важни точки од нашата изборна програма. За жал, по 11 месеци сфативме дека не сме во можност да постигнеме ништо од нашата програма и затоа ја напуштивме Владата, рече Арбен Таравари.
Во интервју за албанската телевизија „MCN“, тој нагласил дека најголемата македонска владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ЗНАМ, имаат 64 пратеници, односно четири повеќе од потребните за формирање Влада и дека од страната на АА постои тенденција и впечаток дека се маргинализирани и игнорирани.
Ние како АА не сме навикнати да бидеме во Владата и да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните и да разговараме со нив, со цел да се подготвиме за локалните избори што треба да се одржат во октомври оваа година. 5 месеци сме пред локалните избори и мислам дека партијата треба да се мобилизира бидејќи за нас е многу важно да извојуваме победа – изјави Таравари.
Тој додаде дека ова е првпат четири албански партии да бидат заедно во владата, но смета дека има еден вид дискоординација од ноември и декември и дека тоа го искористила најголемата македонска партија.
-Ова не натера да донесеме одлука да излеземе со посебни листи за локалните избори за општински советници, но ова никогаш не беше прифатено од коалициските партнери. Потоа имаше огромен притисок врз премиерот и решивме да одиме во опозиција за да не останеме само декор со Владата и да не постигнеме ниту една од точките што ги ветивме.
На пример, една точка беше европскиот пат што останува блокиран, како и децентрализацијата на локалната самоуправа, бидејќи овде општините имаат многу малку надлежности во споредба со земјите во регионот. Потоа, беше укинат механизмот „Балансер“, кој ја регулира застапеноста на сите етникуми што живеат и мораше да донесеме Закон за соодветна застапеност од ноември, а денес е 16 мај и законот го нема никаде.
Во меѓувреме, имаше работни места во институциите и обично беа вработени Македонци и многу малку Албанци. Впечатокот кај граѓаните беше дека ВЛЕН не се почитува во Владата каде што бевме и ние како партија – истакна Таравари