Таравари: Немам доказ за поткуп на пратеници

Апсолутно мислам дека на седницата за недоверба на владата го самоизолирале Кастриот Реџепи . Можеби малку поткуп, малку притисок. ДУИ тоа го прави најдобро, истакна денеска во емисијата „Само вистина“, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.

– Немам докази, да имав ќе излезев и ќе отидев во Обвинителството. Ова се зборува во кулоарите. Се знае кај бил Кастриот тој ден. Се збори низ Скопје, прашајте пет луѓе, двајца знаат каде бил пратеникот, рече Таравари, одговарајќи на прашањето дали навистина постои поткуп на пратеници за да преминат на друга страна.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close