Таравари очекува следната недела да има договор за нова влада

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии сме имале две средби, понатаму интензивно работат работните групи, се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Таравари.

Тој испрати и порака до претседателот на Управниот суд кого јавно го посочи дека вршел притисок врз судиите при одлучувањето во предметите поврзани со изборните нерегуларности.

Back to top button
Close