Таравари парите за новогодишно украсување ќе ги донира во Центарот за аутизам

Гостивар се откажува од новогодошното украсување и ги пренаменува средствата во хумани цели. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека буџетските пари предвидени за новогодишното украсување, ќе ги донира во Центарот за аутизам што е во изградба.

-Горд сум, што можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишните празници јас и мојот тим планираме да ги подариме таму каде што е најпотребно, во Центарот за аутизам, што се гради во градот. Верувам дека секој ќе биде согласен оти ќе го избегнеме јавното украсување за Новата година, така ќе заштедиме енергија, но над се ќе придонесеме таму каде што има повеќе потреба, како што е Центарот за аутизам, напиша Таравари на својот Фејсбук профил

 

Back to top button
Close