Таравари пред средбата со Мицкоски: Ништо посебно, АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници
За средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за во 17 часот во Владата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, како што потенцира, тие се во постојана комуникација.
Таравари рече дека на оваа средба ќе се разјаснат некои прашања кои на Мицкоски му се нејасни.
„Имаме состанок со премиерот Мицкоски, ништо посебно не е. Ние тоа што сме го поминале на Централно претседателство е дека АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Ќе го слушнеме премиерот и ќе процениме како продолжуваме натаму“, изјави Таравари (24info.mk)