Таравари: Приватните болници во ваква криза треба по дифолт да бидат дел од здравствениот систем, а не да се преговара со нив

„Нема волшебно стапче со кој може да се стопира овој број. По вакви бројки се добива впечаток дека некаков колективен имунитет ќе се добие до крајот на јануари. Бројот на починати е голем и треба да се внимава.“ – рече Таравари.

Тавари потенцираше дека освен ковид има и други пациенти кои немаат каде да се третираат. Според него кризната состојба требаше порано да се донесе и смета дека во вакви ситуации треба да се донесат одлуки кои ќе се почитуваат од приватните клиники. Тие во овој период треба да бидат дел од здравствениот систем и сите капациетети да се обединат зошто ситуацијата ќе потрае уште неколку месеци.

„Мислев дека кризната состојба ќе ги принуди по дифолт да го прифатат тоа што се донесуваат одлуки, а не да се преговара со нив.“ – рече Таравари.

Таравари рече дека со овие бројки треба да се размисли за полициски час, но дали ќе се издржи економски. Смета дека со карантин сигурно ќе се намалат бројките, што се покажало успешно во поглемите земји, но кај нас нема такви капацитети.

Back to top button
Close